СТАНДАРД life
Здравје

Храна за забрзување на метаболизмот која МОРА да ја вклучите во вашата исхрана

Метаболизмот е механизам благодарение на кој човечкото тело континуирано прима хранливи материи и ги претвора во енергија и виталност. Колку пати сте слушнале дека луѓето кои не вежбаат и многу јадат не се здебелуваат поради добриот метаболизам? Сепак, тоа варира од личност до личност. А доколку немате среќа да имате ваков метаболизам, тогаш во исхраната треба да ги вклучите следните намирници.

Бобинки

Бобинките се многу здраво овошје бидејќи се богати со антиоксиданси и растителни влакна. Антиоксидансите се одговорни за нашиот младешки изглед, а влакната за здравото варење. Секако дека се и многу вкусни и голем плус е тоа што од нив може да се направат многу вкусни десерти, пијалоци и смути.

Авокадо

Авокадото е едно од најздравите овошја. Многу е вкусно, здраво и ги содржи сите девет есенцијални амино киселини кои му се потребни на човечкото тело. За среќа, постојат голем број на рецепти со оваа храна кои можете да ги пробате.

Лосос

Лососот е исто така меѓу намирниците кои го забрзуваат метаболизмот, а потоа и даваат на кожата здрав сјај. Покрај тоа, содржи и омега 3 масни киселини, кои се многу важни за работата на срцето.

Спанаќ

Оваа зелена храна е богата со витамин Б, кој го забрзува метаболизмот и ја зголемува функцијата на мускулите. Тој е многу корисен и за фигурата и за здравјето. Освен тоа, спанаќот има многу природни влакна кои го помагаат варењето.

Говедско месо

Говедското месо содржи високо ниво на протеини и тоа е една од причините зошто е добро за оваа намена. Сепак, ваквата храна ја крева телесната температура, па затоа внимавајте со нејзината консумација на топло време.

Лути пиперки

Овој вид на храна не само што го забрзува метаболизмот, туку и го намалува апетитот. Сепак, мора да бидете внимателни и со нив бидејќи премногу консумирање може да предизвика гастритис.

Поврзани вести

Докторка наброја намирници за кои сме убедени дека се здрави, но се лажеме

Urednik

Ова се најдобрите чаеви за спиење кои ќе ви помогнат да се опуштите

Urednik

5 знаци дека јадеме премногу леб

Urednik