Памела Андерсон повторно блесна во сосема природен изглед без многу шминка и така остана доследна на себе по неодамнешната одлука гордо да престане да ги крие сите знаци на стареење.
Таа ја претстави својата најнова минималистичка колекција на модната недела во Париз и ревија „The Row“. Таа се појави на неа во елегантна комбинација, соодветни скроени фармерки во светло сина нијанса со суптилни бели риги и елегантна бела кошула закопчана до вратот.
Како и повеќето убавици кои од првите редови ги следат најпосакуваните модни ревии, така и познатата актерка успешно го усогласи својот стајлинг со едноставниот стил на омилениот американски бренд.
Но, освен погодениот стајлинг, Памела Андерсон уште еднаш ја покжа својата природна убавина, носејќи само суптилен кармин во нијанса на праска и нежно светло розова сенка на очите.
Таа сè заокружи со гламурозен црвен маникир кој се издвојуваше на крајот од нејзините долги ракави и направи ефективен контраст со целиот аутфит.