Фризер како професија никогаш нема да згасне, напорно е бидејки секогаш треба да се прилагодиш на клиентите, но на крајот од денот е една од најпрофитабилните професии, вели во краток разговор за „Стандард лајф“ Срѓан Станојевиќ, професионален фризер.
Вели дека работата е флексибилна, се шират познаства, имате лојални клиенти и меѓу другото секогаш имате напредок и учите нешто ново.
-Едноставно се чувствувам исполнет и задоволен кога ќе разубавам некого и кога ке видам дека самиот клиент е задоволен, истакнува Станојевиќ.
Во однос на тоа дали луѓето се осудуваат да направат промена, тој вели дека, за жал, тоа не е случај, но има се уште такви што се осудуваат.
-И баш ми е задоволство и предизвик да им ја направам таа екстрeмна промена без разлика дали е за боење или шишање, порача фризерот во интервјуто.
Зoшто одлучи да станеш фризер?
– Па види вака, љубовта кон професијата пред се уметноста беше тоа што ме привлече да ја одберам баш оваа професија. Меѓу другото ја сакам креативноста, промените, смелоста и т.н. Флексибилна е работата, шириш познанства, имаш лојални клиенти и меѓу другото секогаш имаш напредок и учиш нешто ново, едноставно се чувствувам исполнет и задоволен кога ќе разубавам некого и кога ке видам дека самиот клиент е задоволен. 🙂
Како е да се биде фризер во Македонија?
– Фризер како професија никогаш нема да згасне, напорно е бидејки секогаш треба да се прилагодиш на клиентите, но на крајот од денот е една од најпрофитабилните професии.
Кој е твојот најголем успех?
– Присутноста во професијава веќе десет години! И задоволните клиенти.
Што препорачуваш за оштетена коса?
– Оштетувањето на косата е малку комплексна работа воедно и најчеста, имаме коса оштетена од неправилно боење и од неправилно користење на пегла и фен! Во вакви случаеви се користат соодветни наменски третмани во зависност од тоа колку е косата оштетена.
Кои се најбараните трендови на фризура кога е во прашање бојата?
– Трендот е индивидуална работа, но најмногу клиентите бараат нијансирања како што се сомбрето и балајажот.
Колку луѓето се осудуваат да направат промена?
– За жал многу ретно, но има се уште такви што се осудуваат. И баш ми е задоволство и предизвик да им ја направам таа екстремна промена без разлика дали е за боење или шишање.
Твојот најдобар совет за коса е…?
– Да не ја третирате косата самите, туку да одберете правилен фризер кој што ке ја третира вашата коса соодветно. Така ке остане секогаш здрава и негувана.
Р.Т.