СТАНДАРД life
Стил

📸Пенелопе Круз блесна во романтичен фустан, а потоа суптилно ја откри долната облека

Ниту на новото, 33. издание на „Gotham“ наградите, не недостигаа познати дами од светот на Холивуд кои продефилираа по црвениот тепих во Њујорк во црни креации.

Во споредба со нив, 49-годишната Пенелопе Круз го украде центарот на вниманието во бело.

Оваа позната Шпанка, крунисана со Оскар, долги години ја врзува модната соработка со францускиот Chanel.

На свечените настани таа речиси секогаш носи креации со потпис на култниот француски бренд, што беше случај и овој пат.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Нејзиниот бел фустан со луксузна текстура е дел од актуелната „ready-to-wear“  колекција на Chanel, а со него суптилно ја откри својата фигура на црвениот тепих, како и долната облека.

Во изгледот на Пенелопе Круз отсуствуваше додатокот на тенок, блескав ремен, како оној што го носеше манекенката на пистата со овој фустан, додека таа успешно ја разби белината на креацијата со црна клач чанта и светкави лакирани сандали.

Фармерките што ги носи Пенелопе Круз се безвременска класика и не прават послаби

Поврзани вести

📸 Дакота Џонсон на премиерата на „Мадам Веб“ се појави во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

Radmila Tasevska

📸 Враќање со стил: Ријана го привлече вниманието во никогаш поелегантно издание

Radmila Tasevska

📸Ефективни додатоци во преден план: Позната актерка доминираше во издание инспирирано од 80-тите

Urednik