СТАНДАРД life
Храна

Највкусната палента што сте ја пробале: За кремастото совршенство ви требаат само 5 состојки

Варената палента е одличен прилог во зимските месеци – можете да ја послужите со се, од топло млеко или бело кафе до месен гулаш.

За да готвите вкусна и кремаста палента не ви требаат многу состојки или време. Со инстант палента, садот може да биде готов за само пет минути.

Ако планирате да јадете палента како дел од солен главен оброк, гответе ја во пилешки супа наместо во обична вода.

Во палентата додадете полномасно млеко и путер за да добиете кремаста текстура и сето тоа заокружете го со малку рендан пармезан.

Ако немате пармезан, можете да користите друг кашкавал што лесно се топи во садот.

Состојки:

* 900 мл пилешка супа
* 500 мл полномасно млеко
* 250 гр инстант палента
* 45 гр рендан пармезан
* 1 лажица путер

Подготовка:

Додадете пилешка супа и полномасно млеко во големо тенџере.

Кога течноста ќе зоврие, намалете ја топлината и постепено почнете да ја додавате инстант палентата со постојано мешање.

Варете ја палентата неколку минути додека смесата не се згусне и термички се обработи до крај.

На крајот од варењето во смесата додадете путер и изрендан пармезан.

Сварената палента послужете ја топла како додаток на другите јадења.

На здравје!

ДИЕТА СО ПАЛЕНТА: Исчистете ги цревата за 4 дена со најздравиот оброк што постои

Поврзани вести

Посни крофни од рерна

Urednik

Зимска посна крем супа за зајакнување на имунитетот

Urednik

Ова е голема грешка при готвењето лук – ги губи лековитите состојки

Radmila Tasevska