Актерката Хали Бери изјавила дека мотивацијата е најважна за вежбање, а за тоа значително придонесува добрата музика, а ја објави и плејлистата со која вежба со својот тренер.
Хали сака да се фокусира на целосна кондиција и 20-минутни тренинзи, кои ги прави четири пати неделно. Нејзините ефективни тренинзи со тренерот Питер Ли Томас вклучуваат многу вежби за целото тело како чучњеви.
„Важно ми е да изведувам што повеќе вежби за целото тело бидејќи се важни сите мускули, особено оние во сржта на телото. И покрај мојата возраст, моите стомачни мускули се силни како порано, иако не ги вклучувам стомачните во мојата рутина за вежбање“, рече таа.
Еден тренинг на Хали Бери
* 40 исчекори за бицепсите со тегови во рацете, (реквизити за оваа вежба: оптоварување на глуждовите и зглобовите, како и тегови)
* 20 чучњеви со кренати раце (нејзините реквизити за оваа вежба се ластик и тегови)
* 38 исчекори со тегови
* 19 чучњеви со кренати раце
* 36 исчекори со кренати раце
* 18 чучњеви со кренати раце