СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Универзалната стратегија против КОВИД е бескорисна

Како да гледаме на добрите и лошите страни на контролата на коронавирусот преку ограничувања во нашиот секојдневен живот? Единствениот логичен одговор на ваквото прашање е „тоа е комплицирано“.

Овие ограничувања имаа огромна економска цена, но имаше и неконтролирано ширење на вирусот. Постојат предности сепак како од слободата, така и од ослободувањето од болеста. Но, во отсуство на високо ефикасна вакцина или имунитет на стадотоа, не можеме да се ослободиме од ограничувањата и истовремено да го држиме вирусот под контрола, пишува Крис Гилс за „Фајненшл тајмс“.

Уште полошо е што податоците на кои се потпираме се погрешно пресметани, застарени или обете. Значи, иако многу политичари им кажуваат на луѓето дека ќе воведат вистински мерки во вистинско време, на сите треба да им биде јасно дека ова е глупост. Но, во овој комплексен свет, аналитичките податоци не се целосно шупливи. Постојат некои правила што можат да им помогнат на политичарите да одлучат до кој степен да се обидат да го потиснат вирусот.

Пред сè, тоа се пресметките за ширењето на Ковид-19. Колку е помало, толку е поголема можноста да се спроведат ефективни механизми за тестирање, следење и изолирање на случаи. Но, со зголемувањето на бројот на заразени лица – и со оглед на тоа што студија во Велика Британија покажа дека две третини од позитивните тестови на коронавирус се асимптоматски, ограничувањата на движењето станаа единствениот начин за намалување на економската штета. Со експоненцијално ширење на инфекцијата, нема смисла да се чека, затоа што тогаш ограничувањата ќе мора да се воведат подолго и построго, што само ќе ги зголеми економските трошоци.

Соодветниот фискален капацитет е услов за ефективни ограничувања. Развиените економии засега имаат привилегија да позајмуваат со рекордно ниски трошоци. Сепак, премијата исплатена на заеми од Бразил или Турција ги прави блокадите многу поскапи.

Сепак, не е сè лошо за економиите во развој. Тие имаат предност од помлада популација, каде што многу помалку луѓе се изложени на ризик од Ковид-19, така што придобивките од ограничувањата се помалку. Географијата е исто така важна. Затворањето на границите може да биде прифатлива цена за спречување на вирусот во оддалечени земји како што е Нов Зеланд, но тешко дека ќе биде толку успешен во Луксембург, на пример.

Кога владите размислуваат за воведување строги блокади, тие прво мора да размислат што ќе се случи по Ковид-19. Можноста за создавање ефикасна вакцина ги намалува цените на блокадите, бидејќи тоа значи дека тие ќе бидат само привремени. Но, колку е поблиску земјата до градење ефикасен имунитет на стадо, толку е поголема цената на можните блокади, бидејќи вирусот е поголема веројатно да ослабне сам од себе.

Најлошата опција би била да се дозволи прегревање на здравствениот систем на една земја до ниво каде што веќе е уништена довербата на јавноста во него. Неуспешните земји, исто така, имаат слаба економија. Исто толку е лошо да се водат културни војни за помали непријатности, како што се носење маска или оправдување на исклучоци од правилата на неколкумина големци. Двете ја поткопуваат подготвеноста на општеството да се придржува до правилата.

Со таква комплексна слика за добрите и лошите страни, можеме да кажеме дека не постои универзален оптимален сет на политики за борба против коронавиусот. Засега, во многу земји во развој, каде што бројот на заразени е голем, но фискалниот капацитет е ограничен, а населението е претежно младо, се чини дека засилувањето на ограничувањата не вреди за економска штета. Во поголем дел од Азија и регионот на Австралија, ниската преваленца, како и ефективното тестирање и следење, покажуваат дека најдоброто обложување е да се продолжи со стратегија за контрола на инфекција што го одржува вирусот доволно ниско, за економиите да можат да функционираат (скоро) нормално.

Сепак, во Европа и САД, зголемувањето на бројот на заразени лица, како и надежите за вакцина во комбинација со доволен фискален капацитет, сугерираат дека веќе треба да се воведат построги ограничувања. Цената на новите блокади ќе биде помала отколку во март.

Во исто време, флексибилните економии се прилагодуваат, а некои сектори никогаш не беаво можност да се опорават од првиот бран ограничувања. Стратегијата за деликатно прилагодување на ограничувањата на бројот на заразени не функционираше во пролетта, што ја зголеми цената за економијата. Малку е веројатно дека ќе функционира и овој пат.

Поврзани вести

Што нѝ носат ИТ трендовите за 2021 година?

Влатко Зорба

Зошто цената на нафтата полуде?

Бизнис зделка на векот вредна 400 милијарди долари

Влатко Зорба