СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Завршувањето на трговската војна меѓу САД и Кина нема да биде лесно

Трговските односи меѓу САД и Кина станаа толку интензивни што нивното влијание се чувствува на финансиските пазари, на одборите на директорите, па дури и во централните банки. Вашингтон и Пекинг ги зголемија тарифите во август и инвеститорите се уплашија, што поттикна официјалните ветувања за продолжување на трговските преговори.

Но, дали САД и Кина ќе се повлечат, прашува Сајмон Иванет, професор по меѓународна трговија и економски развој и академски директор на МБА програмата на Универзитетот во Сент Гален, на страниите на „Financial Times“.

Можно е да се анализира оваа стратешка состојба. За почеток, поделете го ова прашање на три помали. Која би можела да биде поприфатлива основа за договор? Што може да предизвика договор? И дали договорот ќе биде траен? Ајде да погледнеме во секое од овие под-прашања.

Економски гиганти како Кина и САД не мора да потпишуваат зделки, освен ако не сакаат. Во секој сериозен трговски договор, прашањето „што е во срцето на договорот?“ се состои во тоа да се запрашаме што сака секоја страна да прави и во замена за што. Разгледувањето на трговските преговори меѓу САД и Кина само од гледна точка на реформите што Кина мора да ги преземе е неплодно. Враќањето на давачките на САД на нивоата пред војната, најверојатно, нема да предизвика какви било реформски заложби во Кина. Земја која бара почитување на меѓународните правила секогаш плаќа во трговските преговори, дури и САД.

Идентификувањето на взаемно корисни зделки бара разбирање на тоа што навистина сака секоја земја. САД тука испратија мешани пораки. Дали САД сакаат Кина да стави крај на нечесните трговски практики или да го намали трговскиот суфицит со Америка? Или нешто друго? Недостигот на јасност ги збунува пресметките на Пекинг и ги зголемува шансите кинеските предлози да не ги исполнат очекувањата на САД.

Резултатите од процесот исто така се важни. Историјата покажува дека кинеските лидери се држат до својата автономија – да не им биде командувано од странци, им е од голема вредност. Јавната кампања на критики кон кинеската политика на американскиот претседател Доналд Трамп му отежнува неговиот колега, Си Џинпинг да направи отстапки. Во тој случај, предзнаците не се добри.

Сепак, трговските преговори честопати престануваат да продолжуваат подоцна. Кои фактори можат да предизвикаат договор? Склучувањето на зделка мора да биде во близок интерес на најмалку една страна, во спротивно нема да започнат сериозни преговори. Но, дали има знаци дека секоја од страните сака договор? Кина сфати дека со амортизирање на својата валута, може барем делумно да ја надомести штетата предизвикана од американските царински давачки. Пекинг исто така презеде макроекономски стимуланси кои го ублажија ударот. Стапката на економски раст на Кина е забавена, но не и драматично.

Иако директниот ефект од зголемувањето на давачките врз купувачите сè уште нема значително влијание врз американската економија, индиректните ефекти преку одложените корпоративни инвестиции и намалувањето на деловната доверба станаа очигледни по вториот квартал од оваа година. Флуктуациите на берзата сигурно го привлекоа вниманието на Трамп.

Со оглед на неговите изгледи за реизбор, Трамп јавно изврши притисок врз Федералните резерви за намалување на каматните стапки и исто така размислува за намалување на даноците. Парадоксално е што секој пат кога претседателот го критикува ФЕД, тој им сигнализира на Кинезите дека се плаши како за американската економија, така и за неговата позиција. Секако, многу фактори го одредуваат растот на американската економија и претседателските избори во САД. Сепак, шансите се поголеми првата маслинова гранка да биде понудена од Вашингтон.

Последното прашање, што е потенцијалната лажица катран во теглата со мед, е дали договорот ќе трае. Ова вклучува неколку фактори. Роналд Реган имаше незаборавна фраза во нуклеарните разговори со Советскиот сојуз: верувај, но провери. Проверката за почитувањето на договореното е важна и зависи критично од она, што е договорено на прво место. Кинеските ветувања за намалување на субвенциите може полесно да се проверат од заложбите за одвраќање на кинеските компании од кражба на странска интелектуална сопственост. Најлесно е да се набљудува билатералниот трговски биланс, што може за некои да го направи трговскиот договор привлечен.

Проценките дали зделката може да биде стабилна, исто така се утврдени со однесувањето на секоја страна за време на преговорите. Во оваа смисла, значајни се средбите во Г20 меѓу Трамп и Си. Привремените зделки постигнати во Буенос Аирес и Осака беа прифатени од Кинезите како примирје додека напредуваат преговорите. По овие зделки, Трамп ги зголеми тарифите дополнително, прашувајќи се дали САД ќе се држат до можен конечен договор. Ова, заедно со потребата да се бранат за време на претседателската кампања во САД, било каков договор од претстојните напади на Демократите, може да ги натера кинеските политичари да заклучат дека САД ќе се повлечат од каков било договор склучен пред ноември 2020 година. Пекинг можеби се прашува зошто воопшто да склучува договор?

Постојат неколку основи за оптимизам. Политиката на работ ќе продолжи се додека нешто не nametne за сериозно размислување во Пекинг или Вашингтон. Плус, штом ќе стигне нешто до канцелариите на претседателите и премиерите, други размислувања, други прашања имаат значење. На пример, геополитичкото ривалство, личното ривалство и споровите околу Тајван и Јужното Кинеско Море можат да ги намалат тензиите. Трамп смета дека трговските војни се лесни за победа. Габриел Гарсија Маркез беше попрецизен во врска со ова прашање: војните полесни започнувaaт, отколку што завршуваат.

Поврзани вести

Што очекуваат инвеститорите од пролетта 2021 година?

Влатко Зорба

Дали Ковид-пасошите овозможуваат или ја попречуваат слободата на движење?

Влатко Зорба

Која е пресудата за Лондонското сити по „Брегзит“?

Влатко Зорба