СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Федерер станува првиот МИЛИЈАРДЕР во светот на тенисот!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер наскоро ќе стане петтиот спортист во историјата со состојба од 1.000.000.000 долари!

Федерер ќе ја надмине магичната граница на бројот до крајот на годината и ќе им се придружи на Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер и Кристијано Роналдо.

Заработката на Швајцарецот во моментов е над 900 милиони долари.

Федерер во кариерата заработи околу 130 милиони долари од турнири, а доби огромна сума пари како заштитно лице на бројни светски брендови. Роџер е заштитно лице на 13 врвни брендови. Тој добива 15 милиони долари годишно од „Ролекс“, околу 40 милиони долари од „Мерцедес“ и „Барила“, а тука се и „Моет“, „Линдт“, „Кредит Свис“ …

Федерер е заштитно лице на „Најк“ од 2008 година и добиваше 12 милиони долари годишно на тој договор. Кога неговиот договор истече во 2018 година, јапонската компанија „Уникло“ му даде понуда што не можеше да ја одбие – 10-годишен договор вреден неверојатни 300.000.000 американски долари.

Интересно, Новак Ѓоковиќ собра повеќе од Швајцарецот од турнири, околу 150 милиони долари, но неговото вкупно богатство е далеку помало од онаа на Федерер.

Швајцарецот е едноставно омилен кај спонзорите …

Поврзани вести

Црна Гора: За гости од регионот летово пониски цени за сместувања

Влатко Зорба

За прв пат во историјата: Слика на Бенкси на аукција за биткоини

Најголемиот музеј во светот „во минус“ од 44 милиони евра

Влатко Зорба