Заработката на холивудските филмови доживеа огромен пад минатата година, забележувајќи 80% пад во Северна Америка, откако коронавирусот ги затвори кината и филмските студија го одложија излегувањето на многу филмови.
Според истражувачката фирма Comscore, прикажувањето филмови во Северна Америка во 2020 година донесе 2,2 милијарди долари, за разлика од 11,4 милијарди долари година порано.
Вакво ниво на приходи, генерирани во 2020 година, не е забележано скоро 40 години, според „Box Office Mojo.“.
Од приходите минатата година, пониски беа оние во 1981 година, кога заработката беше 918 милиони долари, а таа година „Superman II“ беше најголем хит.
Според списанието „Variety“, глобалната заработка на холивудските филмови во 2020 година падна за 71 процент.
Пандемијата ги затвори киносалите ширум светот во средината на март 2020 година и донесе неколку мали, како и големи ланци како „AMC Entertainment“ на работ на банкрот.
Вкупно 274 филмови, вклучувајќи го и најочекуваниот 25-ти филм за Џејмс Бонд – „No Time to Die“, „Top Gun: Maverick“ и деветтото продолжение на „Fast and Furious“ ги одложија своите премиери за 2021 година, се вели во извештајот на Comscore.
Затоа, филмот на Sony Pictures „Bad Boys for Life“ заработи најмногу минатата година. Започна да се прикажува во кината во јануари и заработи 206 милиони долари.
Comscore наведува дека најголемиот дел од приходите во 2020 година биле од „драјв-ин“ кината.