СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Компанија им даде на сите иста плата: Експериментот не заврши добро…

Кога Келвин Бентон ја стартуваше својата компанија за психотерапија „Spill“, тој имаше идеја да им даде на сите иста плата.

Тој сметаше дека тоа ќе влијае на подобро работно опкружување, но наместо тоа мораше да ја укине во рок од една година поради проблеми меѓу вработените, а сега сите се плаќаат во согласност со стажот и стручноста.

„Сфативме дека мора да се држиме до пазарните правила. Понекогаш некои традиционални практики постојат со причина“, објасни Бентон.

Калвин ја основаше Spil во Далстон, источен Лондон, за да понуди онлајн советување и терапија на вработени во различни компании. Им помагаше при проблеми со депресија и стрес поврзан со работата.

Покрај проблемите поврзани со работата, луѓето се обраќаат кон Спила за депресија и тага.

„Се повеќе компании плаќаат на својот персонал за терапија затоа што станува сè потешко редовно да се добива помош во здравствениот систем“, вели Бентон.

Една од големите одлуки на Бентон при основањето на Spil беше да дава на себе и на своите колеги иста плата.

„Бевме петмина и сите придонесовме подеднакво во работата, па пробавме експеримент во кој на сите им плативме иста сума, без оглед на искуството и позицијата. Сакавме да го преиспитаме традиционалниот модел на плата. Одлучивме да плаќаме на секој 36.000 фунти годишно и пресметавме дека така е можно пристојно да се живее во Лондон“.

На почетокот беше добро, но…

На почетокот, мерката функционираше добро кај вработените.

„На пример, немаше проблеми околу тоа кој би платил за пијалок затоа што сите имавме ист приход. Во многу такви ситуации, ни беше полесно“, рече тој.

Како што се развиваше Spil, Бентон ангажираше нови вработени, како што се развивачи на софтвер, продавачи и администратори и им понуди на сите иста плата од 36 000 фунти. И тука започнаа проблемите.

„Програмерите се на побарувачката и обично имаат плата над 36.000 фунти годишно. На продавачите обично им се плаќа провизија. Па затоа, нашиот модел не беше особено погоден за овие две позиции. Ни беше тешко да привлечеме талент за позиции во софтвер. По околу три месеци, продавачите побараа да им платиме во согласност со остварената продажба, тврдејќи дека фиксна плата не им одговара“.

Еден куп пријави за административни работни места

Во исто време, Бентон бил пренатрупан со апликации за административни позиции, пренесува „Индекс“.

„Ние понудивме многу повеќе отколку што за таквите службеници вообичаено беа платени, и многумина се појавија токму поради тоа, не затоа што веруваа во Spil и неговата мисија“.

Меѓу новодојденците во компанијата, системот за еднаква плата започна да предизвикува проблеми.

„Како што растевме, така имаше вработени кои придонесуваа повеќе од другите. Имавме луѓе кои работеа подолго од другите и тие почнаа да се прашуваат дали треба да добиваат иста плата како и нивните колеги кои работат помалку. Ова предизвика конфликти меѓу луѓето и имаше дебата дали овој експеримент треба да се продолжи“.

Експериментот траеше една година

После една година, Бентон подлегна на притисокот на вработените и го отфрли системот за еднакви плати, заменувајќи го со традиционална структура за плати заснована врз искуство и експертиза на компанијата.

„Мислам дека имаше разочарување кога експериментот не успеа. Го сакавме најдоброто за луѓето во компанијата. Но, понекогаш традиционалните практики постојат со причина и понекогаш не треба да експериментирате“.

Сепак, една добра работа излезе од експериментот на Spil. Бентон одлучи сите да знаат колкави се платите во компанијата.

„Бидејќи имаме отворена политика за тоа колкави се платите, не се зборува за тоа кој колку заработува. Тоа ни помогна луѓето да не се чувствуваат лошо. А кога им помагате на луѓето, важно е да имате хармонија на работното место“, заклучи Бентон за Би-Би-Си.

Поврзани вести

Пандемијата „уби“ 2.000 пабови: Луѓето навикнаа да пијат дома?

Влатко Зорба

Ова е најдобрата професија – заработката е голема, а дневниот стрес е минимален

Влатко Зорба

„КОЈ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА – ВЕДНАШ ОТКАЗ“: Германска компанија има јасен став за вакцините

Влатко Зорба