СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Компанија во која работниците можат еднаш да одат во тоалет БЕСПЛАТНО, а потоа си плаќаат

Во обид да ја зголеми продуктивноста, кинеската компанија Anpu Electric Science and Technology донесе контроверзна одлука да го казни секој работник кој оди во тоалет повеќе од еднаш со 20 јуани (околу 2,5 евра).

Компанијата, со седиште во градот Донггуан (провинција Гуангжу), санкционираше седум работници во декември. За да избегнат проблеми со законот, тие ја одзедоа оваа сума од бонусот, а не од месечната плата на вработените. Сепак, локалните власти не ја игнорираа контроверзната мерка, јавуваат локалните медиуми.

По темелна истрага, официјални лица од општинското биро за човечки ресурси и социјално осигурување во Донггуан потврдија дека ова правило е незаконско. Тие исто така побараа Anpu Electric да им ги врати парите на казнетите работници.

Компанијата тврди дека одењето во тоалет неколку пати ги крши нејзините внатрешни правила. И правилото е дека само една посета на тоалетот е дозволена дневно, како и вработените секој пат кога одат во тоалет да пријават кај шефот.

Менаџерот на компанијата објасни дека ваквата одлука е донесена затоа што некои вработени често пушеле во бањата, како и дека за некои, одењето во тоалет било изговор за „забушавање“ на работа.

„Ние не сме заштитени. Факт е дека работниците се мрзливи на работа. Раководството многу пати разговарало со тие работници, но сепак не постигнало позитивен резултат“, рече менаџерот, додавајќи дека тие решиле да ги казнат работниците, а не да ги отпуштаат, бидејќи им е тешко да вработуваат луѓе.

Поврзани вести

Германија инвестира 6 милијарди евра во енергетската ефикасност на зградите

Влатко Зорба

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

Влатко Зорба

Коби Брајант планирал разделба со „Најк“ и нова револуционерна компанија

Влатко Зорба