СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Мајами го интегрира Биткоин во својот општински систем (ВИДЕО)

Градската комисија во Мајами успешно ја донесе резолуцијата предложена од градоначалникот Франсис Суарез со која им се овозможува на вработените во општината да добиваат исплата во Биткоин.

Градските работници ќе можат да добиваат или дел од своите плати или целата плата во најголемата криптовалута во светот.

Жителите на Мајами можат да плаќаат такси и даноци во Биткоин, што во суштина го прави вториот по големина град на Флорида главен центар за криптовалути.

Во својата видео порака, Суарез изрази благодарност до комесарите што го претворија Мајами во „град што ја прифаќа технологијата на криптовалутите“.

Потегот на Суарез е дел од неговите напори да го претвори Мајами во следната Силиконска долина, бидејќи големите технолошки компании бегаат од Сан Франциско.

Мајами исто така може да ги инвестира своите резерви во Биткоин во иднина, рече Суарез.

Поврзани вести

Кој е најкрадениот автомобили во Велика Британија во 2020 година?

Влатко Зорба

Само во биткоини има 150.000 евра: Кој е НАЈБОГАТИОТ министер во Владата на Црна Гора?

Влатко Зорба

Хит ВИДЕО: Јованка тврди дека Елон Маск е од Република Српска

Влатко Зорба