СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Најголемиот музеј во светот „во минус“ од 44 милиони евра

Лувр и неколку други големи париски музеи претрпеа сериозни последици од пандемијата КОВИД-19, со пад на бројот на посетители за повеќе од 70% во 2020 година.

Најголемиот музеј на светот, затворен шест месеци, пречека 2,7 милиони посетители во 2020 година, или 72 проценти од 9,6 милиони во 2019 година. Најголем број посетители, 10,2 милиони, имало во 2018 година.

Музејот остана без странски туристи, Американци, Кинези, Јапонци, Бразилци, кои обично претставуваат 75 отсто од вкупните посети, а во 2020 година, Французите сочинуваат 84% од вкупниот број посетители.

Загубата на приходите на Лувр изнесуваше повеќе од 90 милиони евра, додека државната помош беше 46 милиони.

Отсуството на странски туристи се почувствува и во Версајскиот дворец во близина на Париз, една од најпосетуваните локации во Франција, која ја посетија два милиони посетители во 2020 година и 8,2 милиони во 2019 година, што претставува пад од околу 75%.

И јавната институција што ги опфаќа Музејот Орсеј и Музејот Оранжери забележаа пад од 77 проценти во споредба со 2019 година, што е рекорд за тие два музеја.

Центарот Помпиду имал 72 проценти помалку посетители, како и воениот музеј (
Musée de l’Armée). Нешто повеќе од милион посетители беа во десетина музеи во градот Париз, што е пад од 54 проценти.

Силната диверзификација на дигиталната понуда на музејот ја одбележа 2020 година и функционираше многу добро од Лувр до Версај во првата половина на годината, но забележливо избледе во втората половина на 2020 година, поради множењето на музејските понуди на Интернет и јавниот умор.

Сепак, веб-страницата louvre.fr имаше 21 милиони виртуелни посетители.

Поврзани вести

Сончев Брег е најевтината летна дестинација во Европа

Влатко Зорба

Велика Британија го укина данокот на средства за женска хигиена

Влатко Зорба

Ќерката на Бил Гејтс: Жал ми е што не ми ставија чип во вакцината

Влатко Зорба