Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, не е тип на извршен директор кој ќе се фали себе си и неговиот тим и ќе им „спушта“ на ривалите. Тој е поодзмерен, откако ја презеде функцијата пред седум години од поотворениот Стив Балмер, формирајќи сојузи со компании како Ред Хет, Сејлсфорс, Амазон.
Неговиот совет во врска со работата и кариерата не е многу типичен и не би го очекувале од некој што е толку успешен и амбициозен, односно има годишна плата од 50 милиони долари во основата, плус дополнителни 27 милиони долари.
Сепак, никогаш нема да слушнете од Надела: „Мојот тим е одличен, сите други не се добри. Тоа не е лидерство“. Како што понатаму вели, „во свет кој има повеќе засегнати страни, кој се состои од неколку составни делови, мора да собирате луѓе низ целата ваша компанија и надвор од неа“.
Покрај тоа што се издвојува од Балмер, кој ги критикуваше напорите на ривалите како „Епл“ и „Гугл“, Надела се разликува и од своите колеги во другите големи технолошки компании, вклучувајќи ги Лари Елисон (Оракл) и Марк Бениоф (Сејлсфорс).
Тој се приклучи на Мајкрософт уште во 1992 година, додека ко-основачот на компанијата, Бил Гејтс, сè уште беше на нејзино чело. Но, Надела е различен и од Гејтс. Под негово водство, Мајкрософт е многу потолерантен кон ривалите.
Во 2018 година, компанијата ја купи услугата за складирање со отворен извор ГитХаб за 7,5 милијарди долари, а потоа во Виндоус го вгради оперативниот систем со „отворен извор“ на Линукс.
На прашањето што го прави еден човек лидер, Сатја Надела одговара:
„Лидерите ја имаат оваа вродена способност да влезат во ситуации кои се неизвесни, двосмислени, а носат јасност. Но, тие не се луѓе кои влегуваат во збунувачки ситуации и создаваат уште поголема конфузија. Тие всушност создаваат јасност и тоа е едно нешто што лидерите апсолутно мора да се сметаат за одговорни. Лидерите создаваат енергија Тие се оние кои ќе ве натераат да сакате да бидете дел од тим. Тие не можат да кажат: „Да помине пандемијата па ќе ви ги покажам моите лидерски способности. Никој не е совршен, но јас сум секогаш подобар отколку што бев вчера“.