Вкупното богатство на десетте најбогати луѓе во светот се зголеми за 540 милијарди долари, и покрај пандемијата на коронавирус. Овие пари можат да купат вакцина за секого, а исто така да спречат сиромаштија предизвикана од пандемијата, пренесува Би-Би-Си.
Според извештајот на британската непрофитна организација „Оксфам Интернешнл“, целиот капитал на десетте најбогати луѓе во светот е еквивалентен на износот на сите влади што се дел од Г-20, што е планиран за закрепнување на економијата.
Помеѓу 18 март и 31 декември минатата година, богатството на милијардерите се зголеми за 3,9 трилиони долари и сега изнесува 11,95 трилиони долари, колку што владите на Г20 потрошија за пандемијата.
Безос, Маск, Закерберг, Гејтс …
Меѓу десетте најбогати се светски познати имиња како основачот на „Амазон“, Џеф Безос, шефот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, пронаоѓачот Елон Маск и постојано присутниот Бил Гејтс.
Безос има заработено толку многу од септември, што бил во можност да плати на секој работник во „Амазон“ бонус од 105.000 долари, а да притоа остане еднавко богат како пред пандемијата. „Амазон“ вработува повеќе од 1.200.000 луѓе, а 810.000 само во САД.
„Оксфам“ проценува дека поради пандемијата околу 500 милиони луѓе живеат во сиромаштија.
„Ова го гледаме како можност да се преземат радикални чекори, да се оданочуваат богатите и корпорациите и да се зголеми минималната социјална заштита за сите“, вели извршниот директор на „Оксфам“, Дени Срискандарајах.
Гејтс донираше 305 милиони, а Безос 125 милиони долари
Многу спортисти, филантропи и претприемачи донираа многу пари за да помогнат во пандемијата.
Коосновачот на Твитер, Џек Дорси, во април објави дека ќе донира милијарда долари во добротворни цели. Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ќе донираат 305 милиони долари за вакцини, третман и дијагностика, додека Џеф Безос донираше 125 милиони долари.