СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Само што ќе излезе од дома, веднаш заработува 55.000 евра!

Како фудбалер, Дејвид Бекам заработи баснословни суми пари, но се чини дека тоа не е ништо во споредба со парите што ги заработува денес.

Славниот Англичанец заработува 55.000 евра секој ден! И тоа на бизарен начин! Тој потпиша годишен договор вреден 20 милиони евра, според кој е должен да користи одреден парфем секој пат кога ќе ја напушти куќата, да носи часовник на одредена компанија и одела од една марка!

„Дејвид Бекам е меѓународна sвезда и неговото име стана бренд“, стои во договорот.

Бекам неодамна ја прошири својата деловна активност на Масерати, бидејќи стана амбасадор, а исто така потврди дека ќе глуми во серија на Дизни, за која потпиша договор вреден милион долари.

Сепак, не е сè толку чудесно во домот на Бекамови, кои минатата година платија 25 милиони евра за пентхаус во Флорида.

Сопругата Викторија прави големи загуби со својата модна компанија. Според извештаите во медиумите, Викторија Бекам направила долг од 50 милиони евра од 2008 година. Ревизорските компании ја предупредија дека овие загуби можат да станат многу поголеми, но таа засега е упорна во намерата да ја одржи компанијата жива.

Поврзани вести

Германија инвестира 6 милијарди евра во енергетската ефикасност на зградите

Влатко Зорба

Девет совети како да најдете работа по 50-тата година од животот

Влатко Зорба

5 книги кои му помогнале на Гејтс да ја надмине кризата

Влатко Зорба