СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

СТРЕСОТ НА РАБОТА И ПРОМЕНИТЕ ВЛИЈААТ НА ЛУЃЕТО: Работи за кои не сме свесни, а предизвикуваат вознемиреност

Чувството на вознемиреност е вообичаено и нормално во предизвикувачки ситуации. На пример, кога има одреден пропуст на работа или нервоза во сообраќајот, совршено е во ред да се чувствувате вознемирено понекогаш.

Во такви ситуации, умот е вознемирен, крвниот притисок се зголемува малку и се чувствува непријатност во стомакот, но сигналите за вознемиреност поминуваат брзо и исчезнуваат.

Но што е со нападите на вознемиреност кои зачестија и се случуваат, барем како што мислиме, без никаква причина?

Постојат низа фактори кои предизвикуваат вознемиреност иако се чини дека сè е во ред во вашиот живот.

Ова се 3 причини се најчестите предизвикувачи на напад:

1. Недоволна грижа за себе

Лошата исхрана, недостатокот на физичка активност, пороците и недоволното спиење и одмор може да бидат некои од главните предизвикувачи на зголемен ризик од анксиозно растројство. Исто така, недостаток на витамин Б12 и магнезиум може да придонесе за зголемена анксиозност. Диетата богата со шеќер и дехидрацијата може да ги направи симптомите на напад на анксиозност уште потешки.

Вежбајте самосвест. Станете свесни за храната што ја јадете, активирајте се и не дозволувајте вознемиреноста да влезе во вашиот живот.

2. Фактори се менуваат – промена на личноста

Ние не се менуваме со годините, туку се менуваме со секој нов ден. На секој час и ден можеме да станеме нова, поинаква личност отколку што смебиле порано, поради различни животни ситуации. И различни луѓе имаат различни ментални реакции.

Тоа што беше предизвикувач за вознемиреност вчера, можеби нема да биде денес.

За да спречите промените да бидат причина за вашата вознемиреност, вежбајте mindfulness (свесност за сегашниот момент) и фокусирајте се. Колку подобро се познавате себеси и вашето внатрешно битие, толку помалку ќе бидете изложени на непријатните изненадувања на вашата сопствена психа.

3. Зголемено ниво на стрес

Зголеменото ниво на стрес е една од главните причини за вознемиреност. Ако често сме изложени на стрес, имаме тенденција да се навикнуваме.

Честопати не сме ни свесни колку пати сме биле жртви на стресни ситуации во текот на денот. Затоа е важно да го вежбате умот секој ден, да градите енергетски штитови и ова најдобро ќе го постигнете со релаксирачки и корисни техники како што се медитација, јога, вежбање на самосвест, рамнотежа и редовен одмор и престој во природа.

Поврзани вести

Треба ли да се отфрли „to do“ списокот?

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Конгенитална Мускулна Дистрофија

Влатко Зорба

Сончев Брег е најевтината летна дестинација во Европа

Влатко Зорба