СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Aко недела биде прогласена за неработен ден, оние кои ќе работат да земаат поголема дневница

Супермаркетите и трговците на големо да не работат во недела, додека за малите трговци, угостителите и туристичките агенции засега нема да важи тоа. Ова е предлотот на Министерството за економија во врска со идејата за недела да биде неработен ден.

Граѓаните се со поделени мислења за тоа дали и кој треба да работи во недела.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС јавно го искажува својот став кој всушност го бранеше пред Економско – социјалниот совет.

„КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50 отсто. Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота”, се наведува во соопштението.

Со ваква измена сметаат дека се задоволуваат потребите на работниците, но и на бизнис секторот од причини што во Законот за работни односи, членот 117 став 5 вели дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно.

Поврзани вести

„Некстсенс“ ќе одржува систем за зонско паркирање за скоро 700.000 евра

Влатко Зорба

Која земја има најмногу злато на Балканот?

Влатко Зорба

Државна Видеолотарија реагира на невистините изнесени во изјавата на Асоцијацијата на спортски обложувалници

Берта Китинска