СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Акционерите од Стопанска банка Скопје: Дали овој судски процес можеби се качил на последниот воз на очајниот македонски судски систем?

Заради неизвршување на обврските по издадените приритетни акции од Стопанска банка АД Скопје (Банка) и неприфаќањето таа да го реши ова прашање по спогодбен пат, група од 430 акционери со приоритетни акции на Банката на 27.12.2019 година поднесоа тужба за наплата на неисплатениот дел од гарантираната дивиденда и од дивидендата распределена од добивката на Банката.

Имено, со поднесената тужба 430 акционери бараат Судот да утврди дека имателите на приоритетни акции имаат право на гарантирана фиксна дивиденда и право на дивиденда распределена од добивката на Банката, и да ја задолжи Банката да ја исполни обврската односно на секој акционер-тужител да му исплати надомест на штета поради неисплатена дивиденда.

Разбирливо е дека сите приоритетни акции имаат еднакви права и дека и износот што ќе биде утврден на име неисплатена дивиденда по акција ќе биде еднаков. А, што е различно? Различен е само бројот на акции што ги поседува секој од 430-те тужители.

Нејасно останува, што е тоа што судијата ќе го утврдува низ 86 идентични предмети? Ако веќе судијата одлучил да го разгледува секое поединечно барање, зошто тоа не го стори во 430 поединечни предмети? И, ако судијата се држи до “основот за раздвојување”, зошто тогаш одлучил да се води расправа за 5 барања во еден предмет, односно зошто одлучил да спои 5 предмети во еден предмет, уште во самиот старт? Зошто не споил 10, или не споил 43? И, зошто не останал еден предмет?

На подготвителното рочиште полномошникот на тужителите и полномошникот на тужениот изразија очекување дека судот може прво да донесе меѓупресуда заради целисходност, а потоа да расправа/одлучува за износите во тужбеното барање. Потврда за тоа е и што одговорот на тужба во вештиот наод не содржи пресметка за износите во тужбеното барање.

Според нив,Ваквото постапување на судијата со донесување на Решение за раздвојување и одбивањето да донесе меѓупресуда, не го разбираат нити правно одобруваат неколкумина искусни адвокати, судии и правници со кои разговаравме. Оттука, заклучок и на акционерите е дека судијата постапил нестручно, несовесно и непрофесионално.

Дали овој судски процес можеби се качил на последниот воз на очајниот македонски судски систем? Дали може да се надеваме дека Министерот за правда овој судски процес ќе го поведе со возот на новите судски реформи?

Поврзани вести

Македонците трошат околу 16.000 денари годишно на пиво

Влатко Зорба

Ултра богатите загадуваат колку пола планета заедно

Stefanija Kuzmanovska

НУК: Владата да го доисполни своето изборно ветување за една даночна стапка за сите угостителски услуги

Влатко Зорба