СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Американски стручњаци: Пред светот е најголемата економска криза во последните 100 години

Прогнозата на ММФ покажува дека вкупните загуби на светската економија од коронавирусот можат да се споредат со последиците од Големата депресија во 1930-тите, изјави директорот на американскиот фонд „Главни инвеститори“, Кајл Шостак за „Спутник“.

Меѓународниот монетарен фонд објави нова прогноза за развојот на светската економија. Во него се наведува дека светскиот БДП ќе падне за 4,9 проценти на крајот од оваа година, во САД за 8 проценти и еврозоната за 10,2 проценти.

„Статистиката на ММФ покажува дека, според историските стандарди, падот ќе биде поголем од вкупните загуби на финансиската криза од 2008-2010 година и ќе биде аналогно на последиците од Големата депресија во 1930-тите години“, наведе Шостак.

Според него, вкупните загуби на светската економија годинава ќе достигнат повеќе од 12 илјади милијарди долари.

„Неверојатна цифра, имајќи предвид дека пред една година, никој не можеше да замисли дека ќе се случи таква катаклизма и такви загуби“, рече тој.

Експертот додаде дека, според очекувањата, светската трговија ќе падне за 12 отсто.

„Меѓународната трговија, која се наоѓа во колапс, со своите прекинатите снабдувачки синџири, значително ќе го отежне закрепнувањето и на развиените економии и оние во развој“, објасни тој.

Не е исклучено оваа прогноза да се ревидира, смета инвеститорот.

„Прогнозата на ММФ крие ризици од преценување, но исто така ја потценува и сериозноста на ситуацијата“, објасни соговорникот на агенцијата.

Веста за развој на вакцината и третман на коронавирусот може да ја поттикне и подобри мобилноста на населението, потрошувачката, да го расчисти патот за брзо финансиско закрепнување, додека од друга страна новите бранови на ширење на вирусот можат да го погребаат овој кревок раст, заклучи тој.

Поврзани вести

Бектеши најави нова мерка: Ќе се кофинансираат семинари, обуки и конференции организирани во домашните хотели

Ќе се исплаќа К-15: Колку пари треба да ви легнат на сметка до крајот на годинава?

Берта Китинска

Лукаревска: 2.286 компании треба да ја вратат финансиската помош за плати

Влатко Зорба