СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Барајте ги вашите сметки, покрај повратот на средства учествувате во борбата против против затајувачите!

МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници.Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:Дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда.Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал.Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество, напиша на својот Фејсбук профил Ангеловска.

Поврзани вести

Бесими очекува економски раст годинава, догодина забрзување на растот

Влатко Зорба

До крајот на мај работниците ќе мора да го искористат стариот одмор

Берта Китинска

Казахстан заинтересиран да ја унапреди економската соработка со С. Македонија