СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизните резерви ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело за време на пандемијата

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.”

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ).

Во овој контекст, таа исто така истакна дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од ковид-19.

Поврзани вести

Ангеловска: Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми погодени од корона кризата

Берта Китинска

До Министерството за економија пристигнале 238 апликации за грантови за ресторани за свадби

Влатко Зорба

Скоро пола од извозот во земјава е од компании што работат во ТИРЗ

Влатко Зорба