СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Капиталните расходи на највисоко ниво во последните 10 години

Капиталните расходи со ребалансот се планирани на ниво од 19,5 милијарди денари и се на највисок износ во последните 10 години, рече минисерката за финансии при денешната презентација на ребалансот на Буџетот за 2020 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,5 милијарди денари или 4,2 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, но повисоки во однос на нивото кое беше со одлуката за прерапсределба.

– За реализацијата на ваквите проекти дефинитивно нема дилема во Владата и дека мора да се интензивира реализацијата на сите капитални инвестиции за да се амортизира ударот врз економиијата. Точно тоа и се случува и имаме за 17 проценти повисока реализацијата на капиталните инвестиции спордено со минатата година и истите гледаме да ги задржиме на исто ниво, рече министерката.

Таа појасни дека со одлуката за препраспредлбата која беше спроведена минатиот месец од капителните расходи беа реалоцирани околу 3,5 милијарди денари со цел спроведување на мерките и тоа од капитални расходи кои се однесуваат најмногу на опрема, возила и слични кои не се суштински и директно поврзани со справување со кризата.

Со ребалансот, додаде, намаливме-односно ги реалоциравме дополнителни 700 милиони денари со што капиталните расходи, кои се задржани на ниво од 19,5 милијарди денари, што е всушност на ниво на максимално реалзирани капитални расходи во изминатите 10 години. Реализацијата на истите во време на оваа криза ќе одигра значајна улога во аморитзирање на ударот врз економијата, рече министерката Ангеловска.

Поврзани вести

Од понеделник Бугарија и С. Македонија го прекинуваат со увоз-извоз на гориво од отпад

Берта Китинска

МЗШВ: Досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

На 117 компании одобрени им се средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“