Од 22.01.2021 година нов Управител на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт е господинот Адем Авзиу. Авзиу, поранешен државен секретар на Министерство за информатичко општество и администрација е назначен за генерален директор на оваа компанија која е една од најатрактивните во земјата.
Авзиу е дипломиран економист на Универзитетот во Југоисточна Европа, насока финансии и во моментов продолжува со постдипломски студии на истиот универзитет. Од декември 2019 година тој беше државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација. Од 2018 година е директор на секторот за човечки ресурси во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Во периодот од декември 2013 година до септември 2018 година, тој работел како советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Од март 2011 година до декември 2013 година ја извршуваше функцијата раководител на единицата на Министерството за економија во Државниот инспекторат за технички преглед. Авзиу, во периодот од јуни 2009 година до февруари 2011 година, работел на позицијата советник за патни исправи во Министерството за внатрешни работи – Тетово.
Авзиу ја презема задачата во многу деликатен момент, кога целиот свет се соочува со пандемија од невидени размери и во време кога рекреативните спортски центри во земјата со кои стопанисува друштвото се пред сериозен предизвик. Очекуваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на компанијата и туристичките капацитети со кои стоапанисува Друштвото.