СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бабовски: Посветено работиме на развојот на цел агросектор и со националните програми и со ИПАРД програмата

Искористеноста на буџетот за 2019 година после ребалансот со кој се исплаќа единственото барање и се реализираат мерките во програмата за земјоделство и рурален развој е 72 отсто, а доколку немаше ребаланс ќе беше 100 отсто, оцени денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

-Со ребалансот, буџетот по сите три мерки изнесува 9,306 милијарди денари од кои веќе имаме реализација на 6,672 милијарди денари или 72 отсто. Тоа кажува дека исплатата оди онака како што е предвидено во рамките на Законот, но и согласно финансиските и човечките потенцијали што ги имаме во Агенцијата, бидејќи годишно обработуваме од 160 до 200 илјади предмети во зависност од годината и програмите кои се реализараат, рече Бабовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој посочи дека Владата посветено работи на поттикнување и развој на земјоделството и додаде дека во нејзиниот мандат од 2,5 години досега има исплатено 314,5 милиони евра или 19,4 милијарди денари субвенции за земјоделците.

-Дека сме посветени на земјоделството покажува и имплементацијата на ИПАРД програмата чија искористеност во овој момент изнесува за сега рекордни 37 проценти. Склучени се 1.017 договори во вкупна вредност од 29,5 милиони евра, а завршени или исплатени проекти до овој момент има 710 преку кои во нашиот агросектор се повратени 8,8 милиони евра како свеж капитал. Тоа говори дека посветено работиме на развојот на цел агросектор и со националните програми и со ИПАРД програмата, рече Бабовски и додаде дека во цел програмски период на ИПАРД 1 искористеноста беше само 17 проценти.

За инспекциските надзори кои се вршат над земјоделците за мерката за анасон рече се уште е рано да ја даде својата оценка за евентуални злоупотреби.

-По заклучок на Владата ние како Агенција, Државниот земјоделски инспекторат и Управата за јавни приходи (УЈП) сме задолжени да извршиме контрола на површините и на приносите, а другите институции пред се УЈП да утврди каде е продадено и на кој начин се наплатени средствата. Во завршна фаза сме на мечување наподатоците меѓу сите три институции и наскоро ќе излезат решенија за поврат на средства ,таму каде што е најдена злоупотреба на мерката, рече Бабовски.

Тој нагласи дека во редовните контроли што ги врши Агенцијата биле откриени мал број на злоупотреби, но додаде дека не би одел со оценка се додека не се изврши споредба на податоците од сите три институции.

Поврзани вести

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка

Влатко Зорба

Градежниот сектор во април стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

Берта Китинска

Албански бизнисмени инвестирале 1,3 милијарди евра во С.Македонија

Берта Китинска