СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Има позитивни сигнали дека економијата заздравува

Премиерот Зоран Заев на денешната шрес-конференција оцени дека има позитивни сигнали дека економијата заздравува, што според него е потврдено со позитивните тековни економски движења преку високиот раст на извозот, растот на трговијата, растот на кредитирањето и растот на просечната плата.

Извозот има номинален раст од 15,4 отсто во јануари на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти. Во јануари прометот во внатрешната трговија има номинален годишен раст од 0,8 отсто, просечната плата има раст од 2,7 отсто, позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството, така што во февруари вкупните кредити се зголемени за 4,4 отсто на годишна основа, кај стапката на невработеност е забележано постепено намалување, вработеноста е зголемена,…

Премиерот потенцира дека согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата.

-Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како и со растот на домашната потрошувачка, поддржан и преку антикризните економски мерки, ќе се придвижи економскиот раст. Проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 14 отсто, бруто-инвестициите раст од 7,7 отсто, приватната потрошувачка реален раст од 3,5 отсто, јавната потрошувачка од 4,3 отсто, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9 отсто, а невработеноста да се намали соодветно на тоа, рече премиерот.

Според него сите овие позитивни бројки и закрепнувачки трендови потврдуваат дека реализираме сериозни проекти, дека македонската економија е жива, стабилна и динамична и дека покрај сите предизвици, 2021 година ќе биде година на економско заздравување и на економски раст и развој.

Поврзани вести

Се спрема нозо законско решение за работењето на пазарите

msp-admin

Пензиите ќе се исплаќаат од 29 март

Влатко Зорба

МТСП: Со субвенцинирање на плати вработени 1.346 лица