СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

БДП во третиот квартал со раст од 3,6 отсто

Бруто домашниот производ во третиот квартал годинава бележи раст од 3,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во третото тримесечје од 2019, најголем пораст е забележан во секторите рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 6,8 отсто, градежништво од 5,5 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 4,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2019 година, номинално растеа за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 65,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 8,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,9 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал изнесуваше 3,9 отсто, а во вториот 3,4 отсто.

Поврзани вести

Цената на златото на светските берзи денеска во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото

Ангеловска-Бежоска: ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка користење ликвидносни средства до 400 милиони евра

Никола Поповски

Петтиот пакет мерки усогласен со коморите

Влатко Зорба