СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Домаќинското работење и вистинската грижа заштедуваат 82,25 милиони евра пари на граѓаните

„Оваа Влада води конзистентни економски политики, преку преземање паметни чекори, со посебно внимание секој потрошен денар на граѓаните да се троши домаќински. Тоа го потврдија и сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои го потврдија нашиот кредитен рејтинг, а тоа резултираше со емитување на најевтината евро обврзница досега“, вели во видеообраќање вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ ја задолжи државата со еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка од 3,975%, за кои во овие 7 години, од парите на граѓаните, беа платени камати во вкупен износ од 139,1 милиони евра. Оваа последна еврообврзница е со повеќе од половина пониска каматна стапка, или домаќинското работење заштедува 82,25 милиони евра во камати, пари на граѓаните“, истакна Битиќи.

Поврзани вести

Професор Треновски: Да се воведе корона-данок, по примерот на воениот данок од 2001- ва

Влатко Зорба

Бруто надворешниот долг на крајот од четвртиот квартал лани 8.630 милиони евра

Влатко Зорба

ДЗС: Стапката на раст на БДП за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7 %

Влатко Зорба