Во своето гостување во 24 анализа, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи посочи дека граѓаните од сега ќе имаат увид во секоја бројка која се однесува на задолжувањето, капиталните инвестиции и слично. Исто така, Битиќи вели и дека актуелната власт се обидува на секој начин да го ублажи падот кој е направен пред владеењето на ова раководство.
„Задолжувањето беше неопходно за исплата на пензиите, самохраните родители и ранливите категории. Економските мерки се напланираните трошоци, по што се зголеми буџетскиот дефицит. Вчера објавивме нова алатка, со што ќе имаме секој ден бројка на капитални инвестиции, државен долг и слично. Ова што сега го враќаме, не е нешто што сме го направиле. Во 2017. година, 18% беше под канализациона мрежа, и ако не плаќавме еврообврзница ќе беше многу поинаку. За првпат како Влада имаме среднорочно планирање и стратегија, и ќе го намалиме јавниот долг од 56%. Мора економијата да расте, а секој еден денар задолжување треба да се вложи, со цел да се зголеми БДП. Бројките укажуваат дека сме погодиле и направиле мерки кои даваат резултати, со цел економскиот пад да биде помал“, истакна Битиќи.