Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата Топ тема на Телма истакна дека во време на пандемија кога се соочуваме со човечки жртви се непотребни обвинувања.
Но, и покрај тоа што вршиме јавни функции, ние сме луѓе, доблесни и треба да се сплотиме во решавањето на проблемите, поточно во битката со пандемијата. Кризата не дојде поради Фатмир Битиќи, Зоран Заев или Христијан Мицкоски, дојде во март, тука е денеска и ќе биде и наредниот април, без оглед кој ќе дојде, истакна Битиќи.
Тој нагласи дека падот на економијата во нашата земја во споредба со земјите од регионот и со државите од ЕУ покажува дека сме на средина.
Имаме раст од 17% од вториот во третиот квартал, рече Битиќи.
Тој додаде дека ние имаме пад од 3,3 проценти, а Франција од 3,9.
Денеска треба да видиме дали невработеноста е зголемена и дали се сочувани работни места зошто се сочувани и дали можевме и обезбедивме средства за и помогнеме на и онака кревката економија, потенцира Битиќи