СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Враќање на БДП во преткризна состојба во втората половина од 2022. година

Влада предвидува со стратегија за буџетот во 2021. година, да ја закрепне економијата и да предизвика побрз раст во периодот од 2021. до 2025. година.

Со планот се предвидува закрепнување од Ковид кризата, а забрзан и оддржлив економски развој во следните три години.

Имено, се очекува до половината на 2022. година да се врати БДП во состојбата како од пред кризата, а веќе до 2025. година економијата да расте до 5,9%, па оттаму буџетскиот дефицит до 2025. година се очекува да се спушти до 2,5% од БДП.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција го претстави планот и посочи дека Буџетот за 2021. година има концепција да даде одговор на предизвиците со кои економијата и граѓаните се соочуваат поради Коронавирусот и пандемијата на глобално ниво.

„Доколку се одвива се по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1% , да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4%, воедно да пораснат и бруто инвестициите за 8,4%. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8%, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2%“, истакна Битиќи во своето излагање.

Идентично, тој најави и реализација на капитални проекти како во патната, железничката и комуналната енергетска инфраструктура, така и во развој на земјоделството и инвестиции во спортот, културата, здравството и образованието. Како што посочи, за нив се планирани 23 милијарди денари или 374 милиони евра.

Поврзани вести

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во април

Бесими: Четвртиот пакет на мерки ќе почне да се спроведува после усвојување на ребалансот

Никола Поповски

Шест илјади граѓани над 64 години возраст наместо да одат во пензија, продолжиле да работат

Влатко Зорба