СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битола лидер на мапата за старт-ап центри

Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место e пораката која поттикнува млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион.

– Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број на апликанти кои со помош на нашата менторска и тренинг програма во следните неколку месеци ќе ги развиваат нивните иновативни старт-ап идеи, а најуспешните ќе бидат поддржани со грант во форма на финансиска поддршка за нивниот почеток, изјави Лидија Ангелкова координаторка на програмата за поддршка на старт-ап компании во ПРЕДА Плус Фондацијата во Битола.

Повикот е отворен за сите оние кои имаат иновативни идеи и сакаат да ги преточат во бизнис, но им недостигаат одредени знаења и поддршка да стигнат до целта. И во четвртата старт-ап програма ќе бидат вклучени врвни ментори и тренери кои се еминентни професионалци од македонскиот старт-ап екосистем, а селектираните ќе добијат и финансиска поддршка за стартување на нивните бизниси.

Инаку, Битола Старт-ап Центар е дел од Локално партнерство за вработување Битола кое е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

– Целта на локалното партнерство за вработување со овој проект беше да создаде можности за отворање нови работни места и подобрување на вработеноста во Пелагонискиот регион, појаснуваат од Битола Стар-ап Центар.

Проектот се базира на холистички пристап во унапредувањето на претприемачките капацитети, преку обезбедување центар каде што потенцијалните стартапи може да се среќаваат и разменуваат информации и идеи и преку програма за обука и менторство, која ги води претприемачите низ целокупниот процес на развивање бизнис идеја, креирање стратегии и планови, и нивна промоција. Есенскиот циклус на програмата ни покажа дека и покрај кризата предизвикана од Ковид-19 и стравовите и неизвесноста што таа ги наметна, битолчани се креативни и храбри и понудија голем број идеи кои имаат потенцијал да прераснат во успешен бизнис.

-Приказната продолжува понатаму, ни претстои новиот циклус на обука и менторство. Очекувањата се големи, имајќи ги предвид претходните резултати. Затоа, ги поттикнувам и охрабрувам младите и невработените да се пријават за програмата, бидејќи ниту една идеја не е лоша идеја. Како што кажал Волт Дизни, Сите наши соништа може да се остварат, само ако имаме храброст да ги следиме, – истакна Наташа Симјановска проектна координаторка на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

Повикот https://iodbitolasemoze.typeform.com/to/Ghh9wO е отворен до 14 февруари. За учество во програмата ќе бидат избрани најиновативните идеи кои имаат потенцијал за развој и оние кои ќе ја имаат опцијата за вработливост.

За избраните учесници, стартап програмата започнува на 1 март, 2021 со заедничка воведна сесија во просториите на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Поврзани вести

Просечната плата во технолошко-развојните зони е пониска во однос на просечната плата во македонската економија

Влатко Зорба

Со електронското пријавување на сезонските работници добиваат и работниците и работодавачите

Влатко Зорба

KУПУВАМЕ ДОМАШНО: Граѓаните ги полнат торбите со македонски производи, во најава картички за пасивниете баратели на работа