СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора за гас

Нема потреба опозицијата да поднесува амандмани во врска со спроведувањето на гасификацијата.Досега се испроектирани 20 километри гасификација, вели Благој Бочварски министер за транспорт и врски во 24 Анализа.

– Очекуваме наредната година да може да продолжиме со еден капиталните инвестиции во земјава.Без застој се одвива проектот за гасификацијата. Проектите продолжуваат и во 2021 година. Денеска Штип до Неготино, Прилеп, Битола, од Скопје преку Крива Паланка се поврзуваат со гасификацијата. Ние сме во фаза на изборна фирма на јавно приватно партнерство се очекува во 2021 година ќе видиме која фирма ќе ја гасифицира цела држава. Во проекцијата имаше изместување во некои краци. Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора. Нашата држава станува сериозен играч на пазарот со гас, затоа што потоа проектот ќе продолжи кон Косово, односно ќе можеме да го снабдуваме Косово, а понатаму и Црна Гора, но и дома да имаме гас насекаде, вели Бочварски.

Поврзани вести

Национален регистар на вистински сопственици – квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам

Влатко Зорба

Донесена одлука за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона во областа на езерото Треска

Stefanija Kuzmanovska

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко