СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Оштетената пруга кај Куманово од утре ја ставаме во функција

Пругата што беше оштетена кај Куманово како резулатат на излизгување на товарниот воз од утре ја ставаме во функција. Вработените во рекордно време ги отстранија вагоните и ја санираа штетата за да може меѓународниот транспорт на стока да се нормализира, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски денеска со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санација на 250 метри пруга која беше оштетена.

“ Денеска сме на лице место кај Романовце каде претходната недела имавме инцидент со превртување на дванаесет товарни вагони при што беше оштетен голем дел од пругата на Коридорот 10. Околу педесетина луѓе овде работат деноноќно со цел што побрзо пругата да се стави во функција. Сакам да се заблагодарам јавно на сите вработени и сите останати што се вклучија и помогнаа во оваа работна акција која се одвиваше во изминативе неколку денови, за време на Велигденските празници но и во време на Ифтар. Нашите очекувања се дека веќе од утре ќе се направат сите припреми да се врати во нормална работа оваа делница”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Според директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, оштетувањето на пругата е од голем обем, но санацијата е извршена во рекордно време.

,,Од композиција со дваесет вагони дури дванаесет беа превртени, но во овој момент сме кон крајот со реконструкција на овој дел од пругата. Во овие неколку празнични денови со ударна сила покажавме дека можеме да направиме подвиг. Саниравме 250 метри целосно нова пруга и Јавното претпријатие потврди дека може да работи и во кризни услови но и докажа дека има капацитет да ја заврши работата во рекорден рок”, изјави директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец.

Поврзани вести

Ангеловска: Граѓаните кои ги исполнуваат условите ќе ја добијат финансиската поддршка преку домашната платежна картичка

Влада: Резултатите од последниот квартал покажуваат излез од економската криза

Влатко Зорба

Денеска во Europe House е финалето на Креатон