СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Девет од пријавените 10 конзорциуми се квалификувале за втората фаза за ХЕЦ Чебрен

На синоќешната 53-та седница, Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.

Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените 10 кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

Поврзани вести

ЕЦБ инјектира дополнителни 750 милијарди евра во системот за борбата со коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

ЕУ повеќе нема да ја смета Швајцарија за „даночен рај“

msp-admin

Оштетени штедачи: По одлуката на Уставен останува прашањето дали фирмите треба да работат преку банка?

Влатко Зорба