СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Директорот на „Пејпер Мил“: Нејасно е зошто нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан

Генералниот директор на „Пејпер Мил“, Јулијан Даскалов, изјави дека одлуката за прекин на работењето на фабриката доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина.

– Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа што на фабриката и се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата, додава Даскалов.

Тој нагласува дека одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не била лесна со оглед на вложените инвестиции од седум милиони евра во изминатите пет години, инвестициите во тек – нарачаната опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без својата егзистенција.

„Пејпер Мил“ е единствената фабрика во земјава која рециклира хартија, која ако на почетокот целосно увезуваше хартија за рециклирање, денеска речиси 100 отсто откупува и рециклира хартија од и во нашата држава. Со прекинот на работењето останува неизвесен откупот на хартија за рециклирање во земјата, а фабриката се соочува и со загуби по основ на унапред договорените двомесечни нарачки за извоз на околу 2.500 тони во регионот.

– Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како компресиран гас да го увезуваме чија цена за 5 години порасна речиси двојно. Не јасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ, истакнува Даскалов, додавајќи дека од самиот почеток фабриката работи целосно транспарентно и согласно законите, максимално посветено на соработка со институциите и локалната самоуправа.

Поврзани вести

Од почетокот на пандемијата 18.174 граѓани останале без работа

Влатко Зорба

Пановски: Законот за легализирање дивоградби не е крај, туку нов почеток, а бројот на куќи на Попова Шапка, Матка ќе расте драматично во следниот период.

Промени во органите на управување и раководење во Градски Енергетски Системи

Влатко Зорба