СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Долгорочна суспензија од котација на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) и Благој Туфанов

Согласно Одлука на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвата АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш, котирани на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, им е изречена мерка долгорочна суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 01.02.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачите АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш не го губат статусот на котирани друштва, но должни се во односите со трети лица и во јавноста да истакнуват дека се долгорочно суспендирани од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш немаат постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачите важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје и Благој Туфанов АД Радовиш на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачите се бришат од Листата на набљудување,соопштија од Берзата.

Поврзани вести

На банките им должиме 353,3 милијарди денари

Влатко Зорба

МТСП: Усогласувањето на минималната плата нема да се одложи за 2022 година

Влатко Зорба

Нови цени на горивата од полноќ