СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Узунов: Ниедна земја од регионот не може да го рипне соседството и да влез во ЕУ

Ниедна земја од регионот не може да го рипне соседството и да влез во ЕУ, туку единствено преку Балканот можеме да влеземе во ЕУ, вели професорот Ванчо Узунов во емисијата Еуро фокус на Телма.

-Потребно е да се направат реформи во земјите во регионот кои најбргу ќе им донесат пораст на БДП отворање на нови работни места,економски развој со меѓусебната соработка. На овој начин би имале повеќе ефект отколку со процесот на интеграција бидејќи европскиот е силен пазар за нас.Овој регионален пазар не е замена за него, туку велиме дека патот кон ЕУ води преку Балканот. Ниедна земја од регионот не може да го рипне соседството и да влез во ЕУ, туку единствено преку Балканот можеме да влеземе во ЕУ.Но, оваа теза малку потешко ја прифаќаме . Најголема бариера за оваа теза се политичките разликувања или инаетење, законските регулативи и структурните промени.Мораме регионално да соработувам за да влеземе во ЕУ, вели Узунов.

Поврзани вести

Компанијата „ВИК“ ќе добие државна помош за втор инвестициски циклус

Александар Петровски

Бочварски: Градиме преку 660 станови за социјално ранливи категории на граѓани

Влатко Зорба

Ангеловска: Реални се очекувањата за раст од 3,5 отсто

Влатко Зорба