СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР и ЕУ во поддршка на малите бизниси во С. Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од €1 милион за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).

МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите, квалитет на производите и безбедност, здравје и безбедност и енергетска ефикасност. Тука се вклучени инвестиции во технологија, опрема, возила, итн. Се очекува најмалку 60% од инвестициите да бидат во зелени технологии и енергетска ефикасност

По успешното завршување на инвестицијата, МСП ќе можат да се квалификуваат добијат поврат на средствата, т.е. грант во износ од 15% од вкупната сума на кредитот. Оваа поддршка е обезбедена од Европската Унија.

Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целата е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: „МСП се основа на економијата во Северна Македонија и беа особено погодени со оваа криза. Кредитната линија ќе им овозможи да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ“.

Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија изјави:,, Пристапот до финансирање е основа за развој на било кои МСП. Поддршката која што ја обезбедуваме дава можност за подобрување на деловните активности во однос на подобрување на вмрежувањето и подобрување на работењето. Ќе помогнеме во инвестирање во дигитална надградба и ќе користиме ресурси на поодржлив начин, зголемувајќи го еколошкото работење и натамошното подобрување на конкурентноста. ”

Марјан Манчев, Директор на Шпаркасе лизинг доо Скопје истакна; „Многу ми е драго што соработката помеѓу ЕБОР и Шпаркасе лизинг доо Скопје продолжува и во 2021 година, со втората кредитна транша од €1 милион од ЕБОР, од кредитната линија за конкурентност, наменета за поддршка на МСП во земјата. Се надевам дека новото финансирање со кое се овозможува 15% грант за крајните корисници, ќе им помогне на компаниите во нивната транзиција кон користење на зелена енергија. Шпаркасе лизинг доо Скопје останува првата и единствената лизинг компанија на македонскиот пазар со пристап до оваа кредитна линија, потврдувајќи ја водечката улога на лизинг пазарот со силен фокус кон потребите на клиентите и еколошката одржливост.”

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,14 милијарди преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Поврзани вести

ЗК Пелагонија одобри продажба на 2.803 обични акции

Влатко Зорба

Компанијата dm отвора дрогерии во Полска

Во март биле „завртени“ над 2.7 милијарди денари на Македонската берза

Влатко Зорба