СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување.

Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година. Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални натамошни ефекти од корона-кризата врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална криза.

Репо-линијата одобрена од ЕЦБ претставува потврда за подготвеноста на Народната банка, во рамките на своите надлежности, соодветно и навремено да им одговори на предизвиците од тековната криза и успешно да ја одржува ликвидноста и макрофинансиската стабилност.

Поврзани вести

Гувернерката на Народната банка: Домашниот банкарски систем е здрав и има потенцијал за обезбедување кредитна поддршка без да се загрози неговата стабилност

ЕУ повеќе нема да ја смета Швајцарија за „даночен рај“

msp-admin

МБА: Претставниците на нашата земја најбројни во големото финале на Европскиот квиз на парите

Влатко Зорба