СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Генералниот директор на Светската трговска организација поднесува оставка

Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, денеска поднесува оставка, оставајќи ја организацијата без лидер во моменти кога се соочува со најголемата криза во својата 25-годишна историја.

– Ова е навистина ново, иако за жал не изненадува, низок момент за СТО, рече Рохинтон Медхора, претседател на Центарот за меѓународни иновации во управувањето. Според него, со СТО веќе некое време не се управува, а сега и функционално ќе биде без лидер. Заминувањето од функцијата беше најавено во јуни, од кога трае процедурата за избор на негов наследник. Вообичаен процесот за избор на директор на СТО трае девет месеци, но поради пандемијата на Ковид-19 се очекува да биде завршено за три месеци.

Бразилецот Азеведо прифати работа во компанијата пепси, а осум кандидати претендираат да го заменат на неговата функција во СТО од која замина една година пред истекот на мандатот.

Поврзани вести

Бесими: Раст кај вкупните приходи од 3,1%, кај даночните од 4,2%

Влатко Зорба

Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

Влатко Зорба

Арсовска: Реформи за намалување на парафискалните давачки

Влатко Зорба