СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Грција ги укина ограничувањата на летовите од С. Македонија

Грција ги укина ограничувањата за летовите од С. Македонија, Турција и Албанија воведени за спречување на ширењето на ковид 19, соопшти денеска грчката управа за цивилно воздухопловство (YPA).

Сите патници од странство сепак ќе мора да покажат негативен резултат на тестот за ковид-19, направен во рок од 72 часа од нивното пристигнување, наведе YPA.

Тие, сто така, ќе мора да бидат во карантин дома или во нивното место на престојување седум дена, објави „Ројтерс“.

YPA исто така го зголеми лимитот за посетители од Русија на 4.000 неделно во споредба со 500 претходно, на летовите на аеродромите во Атина, Солун и Ираклион на Крит.

Патниците од Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати подлежат на задолжителен тест брз ковид тест по пристигнувањето во Грција, додаде YPA.

Патниците од Велика Британија ќе мора да направат уште еден тест откако ќе им истече седумдневниот карантин.

Поврзани вести

Сите трансакции од државниот буџет од денеска може да ги види јавноста преку „Отворени финансии“

msp-admin

Цените на горивата остануваат непроменети

Берта Китинска

Наредната недела треба да се формализира барањето на ГЕС за лиценца за топлинска енергија

msp-admin