СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хибридна форма на овогодинешното издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2020

Во организација на Владата, амбасадата на САД и ЗИП институтот, денес ќе се оддржи Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2020.

Овој настан е трет по ред, а ќе се одвива во хибридна форма. Имено, учесниците ќе можат да го следат преку платформата Зум, додека ограничен број панелисти и новинари ќе се соберат во посебно студио на МЕФ2020 во хотел „Мериот“.

Организаторите велат дека овој фоум ќе биде отворен од страна на премиерот Зоран Заев. Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, како и шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир.

Форумот е организиран од ЗИП Институт, Амбасадата на САД во Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија, а финансиран од Германскиот Маршалов Фонд во САД – Balkans Trust for Democracy, Кралската Норвешка Амбасада во Белград, АД МЕПСО и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Поврзани вести

Бочварски: Завршуваме со изградба на 36 социјални станови во Виница

Влатко Зорба

Оваа европска земја планира да воведе четиридневна работна недела, причината не е отпуштање на работници

Берта Китинска

За десетина дена се враќа платниот промет во Пошта

Влатко Зорба