27.8 C
Скопје
10 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хоџа: МЗШВ ќе биде партнер на змјоделците и на откупувачите

Досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски официјално ја предаде функцијата на новиот, Арјанит Хоџа.

Хоџа истакна дека е голема чест, но и одговорност да се води ова комплексно министерство.

„Приоритет ќе ни биде да бидеме партнери со земјоделците и откупувачите за заеднички да ја развиеме оваа гранка. Воедно приоритет ќе ни биде и усогласувањето на законодавството со европското за да можеме побрзо да ги завршиме пристапните преговори и побрзо да пристапиме до фондовите како сите други европски држави. Преку земјоделството ќе се потрудим да отвориме самовработување за земјоделците за да можат да имаат достоен живот и нивната иднина да ја градат тука во нашата држава и на тој начин да можеме да го искористиме целиот труд на земјоделците за да одиме напред, рече Хоџа.“, изјави новиот министер.

Поврзани вести

Рустеми од Македонска пошта станува директор на ЈП „Државни патишта“

Берта Китинска

Битиќи: Владата ќе направи максимални напори за забрзување на реализацијата на проектот за изградба на пругата Куманово – Деве Баир

Александар Петровски

Бислимоски: Целиме кон реализација на зелено сценарио, но тоа мора да биде постепено

Влатко Зорба