СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Инспекциските служби спровеле 5.197 надзори и контроли, затворени се 8 угостителски објекти

Во периодот од 29-ти март до 4-ти април, од страна на седумте инспекциските служби, се спроведени вкупно 5.197 надзори и контроли.

При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 34 прекршочни пријави, 91 решенија за констатирани неправилности, како и 43 прекршочни платни налози.

Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и
Протоколот за работа на угостителските објекти, односно на лице место се затворени осум угостителски објекти и тоа по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/или ограничувањето за четири лица на една маса.

„Апелирам до правните лица, до граѓаните, да ги почитуваат новите мерки, ги охрабрувам инспекторите да вршат контроли и надзори, нема толеранција кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Ова е период кога треба сите да го дадеме максимумот во битката со вирусот. Видовме дека овој бран на вирусот е многу поопасен и побрзо прогресира, и затоа е клучно ограничувањето на бројот на контакти и почитувањето на мерките. Да се заштитиме себеси, нашите најблиски, и секако да го намалиме притисокот врз здравствените работници“, изјави претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Поврзани вести

Недела ден за одмор: Дел од маркетите одлучија, овој ден да биде неработен

Берта Китинска

Грција ги укина ограничувањата на летовите од С. Македонија

Влатко Зорба

Ќе се загубат од 2.000 до 20.000 работни места – туризмот две сценарија за последиците од кризата