СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Извозот бележи пад од 7.7 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 356 351 499 илјади денари и бележи пад од 9.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 468 387 426 илјади денари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 112.035.926 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ декември 2020, изнесува 76.1 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 5 777 905 илјади евра и бележи пад од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 594 537 илјади евра, што е за 10.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 1 816 632 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 6 633 216 илјади САД долари и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 709 485 илјади САД долари, што е за 7.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 2 075 269 илјади САД долари.

Поврзани вести

Над 17.000 луѓе останале без работа во Македонија од почетокот на пандемијата

Влатко Зорба

Заев им вети на бизнисмените целосна посветеност на економијата

Берта Китинска

Битиќи: 700 илјади граѓани добија пари како помош од државата

Влатко Зорба