СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јаневски со предлог како да се одолжиме на Србија за вакцините

Директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски на својот Фејсбук профил даде предлози до туристичко угостителскиот сектор и локалната самоуправа за поволности за туристите кои доаѓаат од Србија.

Јаневски во својот пост вели дека многупати потенцирал дека целиот Балкан претставува една туристичка дестинација и во овие тешки дека сме си потребни едни со други како никогаш досега за да се спасат животи, туризмот и економиите на нашите земји.

Затоа предлагам до туристичко-угостителскиот сектор и локалната самоуправа за туристите од Република Србија:

✅бесплатни влезници за сите музеи
✅бесплатен паркинг во сите градови
✅попуст во сите угостителски објекти
✅попуст во сместувачките капацитети
✅брз трансвер на граничните премини

Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена!, посочува тој.

Поврзани вести

Угостителите на протест се до исполнување на барањата за спас на секторот

Влатко Зорба

Анѓушев: Целта е да ги задржиме младите, наместо да извезуваме луѓе во другите држави

msp-admin

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал