СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Канцерогениот сусам од Индија уништен во Дрисла, велат од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ досега имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

Од Агенцијата додаваат дека во моментов е постапено по две од тие известувања, а за третото од јануари годинава постапката е во тек.

„По приемот на првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки и извршена беше вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла. Во вториот случај од 6 ноември минатата година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините“, стои во соопштението на Агенцијата.

Поврзани вести

НБ: Остварувањата во 2020 година упатуваат на благо забрзување на инфлацијата

Влатко Зорба

Скенирани близу 29 милиони фискални сметки, исплатата на поврат на ДДВ во февруари

Никола Поповски

Џенерал електрик затвора дополнителни 10.000 работни места во одделот за авијација