СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Која земја има најмногу злато на Балканот?

За една година, Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, а Хрватска, нема ни грам.

Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем, пишува Блиц.

Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,89 тони. Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато залоено за кредит. За Хрватска, бројката е нула.

Поврзани вести

Коронавирусот ги намалил приходите на општините за 18 отсто

Влатко Зорба

САД предупредуваат на пад на доларот следната година

Stefanija Kuzmanovska

Здружение оштетени штедачи: Каква е таа контролна финансиска институција кога Еуростандард дала речиси 60 милиони евра се ненаплатливи или тешко наплатливи кредити?

Влатко Зорба